АД ЕСМ ја исклучи ХЕЦ Св. Петка и го стави на минимум производството во ХЕЦ Козјак со цел намалување на нивото на реката Вардар

Од:

По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со ЦУК, од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска, велат од Електрани на Северна Македонија.

– Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св. Петка е надвор од употреба. Не работи и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН. Намалувањето на производството во дел од хидроелектраните на АД ЕСМ нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија, и истото ќе се дополни преку останатите производни капацитети, соопштуваат од Електрани на Северна Македонија.

Во текот на ноќта се очекува стабилизирање на дотоците.

Би можело да ве интересира

ЕСМ ќе врати средства во Буџетот што ќе се пренаменат за нови мерки за помош на граѓаните

АД ЕСМ во јануари и февруари го зголеми производството за 50 отсто во споредба со истиот период лани

Ана Ололовска

Во завршна фаза со добиени градежни дозволи фотонапонски централи од над 400 мегавати

Ана Ололовска

Граѓани од населба Автокоманда повторно на протест, незадоволни се од новиот снабдувач со топлинска енергија

Ана Ололовска

Граѓани попладнево протестираа кај Автокоманда против новите услови во системот на греење

Ана Ололовска

ЕСМ: Блок 1 на РЕК Битола повторно ставен во функција

Ана Ололовска