Абази: Ќе го откриеме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов

Од:

Во специјализираното Одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција вклучени се јавните обвинители, и во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов, кој се наоѓа во притворското одделение во затворот во Шутка, посочи денеска на прес-конференција јавниот обвинител Ислам Абази, одговорајќи на новинарско прашање.

Абази потенцираше дека Обвинителството го следи настанот и се преземаат дејствија. Случајот е во надлежност на Јавното обвинителство за организиран криминал.

На новинарско прашање упатено до јавниот обвинител Љупчо Коцевски, зошто била запрена кривичната постапката за Васил Јованов, тој одговори дека постои законска одредба во Законот за кривична постапка за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање.

-Сакам јавноста да биде правилно информирана. Значи, не е запрена кривичната постапка, не е отфрлена кривичната пријава. Има законска одредба во Законот за кривична постапка, за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде што е запретена казна од една година затвор или парична казна, во согласност со оштетениот, јавниот обвинител го повикува оштетениот, и доколку оштетениот не бара штета, тогаш јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање, со тоа што му дава решение на сторителот во одреден рок да плати одредена парична сума, која ќе ја определи јавниот обвинител согласно неговите можности. Доколку во тој рок се плати износот што е определен со решението, тогаш против тој сторител не се презема кривично гонење. Вака ги решаваме 90 отсто од случаите, рече Коцевски.

Како што дополни, станува збор за законска одредба која што многу често ја применуваат, а парите често се уплатуваат во буџетот или во хуманитарни цели.

Прашан дали Обвинителство ќе оформи предмет за судијката Даниела Алаксовска-Стојановска, јавниот обвинител Љупчо Коцевски одговори дека во моментов нема сознанија дека е отворен предмет, затоа што нема индиции за сторено кривично дело.

-Во моментот немам сознанија дека е отворен предмет против судијката, затоа што во овој момент немаме никакви евентуални докази за некакви индиции, односно сомнение во однос на оваа судијка. Нема елементи и индиции за сторено кривично дело. Доколку има, Јавното обвинителство стои на располагање, рече Коценвски.

Инаку, денеска министерот за правда Игор Филков донесе одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судиката која му судела на возачот што ја прегази Фросина Кулакова. Целта е, како што посочи, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со кои нема да се дозволи неказнивост и недопирливост.

Би можело да ве интересира

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Дуковски: Пресудата од 12 години е донесена под притисок од јавноста – важеше начелото „око за око, заб за заб“

А1он

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

Зоран Јованов, таткото на Васил не се чувствува виновен за обвинението по кое му се суди

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици

Тодор Кулаков: Затвор за криминалците или ништо од ова судство!

А1он