АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

Од:

Алијансата за Албанците изразува критички став за Законот за прекршоците, во кој е опфатен и проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека актуелната примена на овој проект покренува сериозни правни, социјални и уставни загрижености, се наведува во соопштението од Алијансата за Албанците.

„Прво, Алијансата за Албанците укажува дека не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во службената комуникација со граѓаните, вклучително и известувањата и санкциите што произлегуваат од проектот „Безбеден град“. Ова претставува директно кршење на јазичните права на граѓаните Албанци и е неприфатливо во една мултиетничка држава.

Второ, бараме ревизија на висината на казните и на делот на толеранцијата, со цел граѓаните да не бидат неправедно оштетени. Безбедноста во сообраќајот е важна и неопходна, но таа не смее да се врши на сметка на благосостојбата и егзистенцијата на граѓаните преку непропорционални казни и без социјална чувствителност.

Трето, Алијансата за Албанците потенцира дека селективната примена на проектот „Безбеден град“ само во неколку градови е неправедна и дискриминаторска. Доколку овој проект има цел зголемување на јавната безбедност, тогаш тој мора да се спроведува рамноправно на целата територија на државата, а не само во три града.

Алијансата за Албанците бара од надлежните институции итно да ги адресираат овие забелешки, да отворат јавна дебата и да обезбедат секој ваков проект да биде во согласност со законот, еднаквоста и реалниот интерес на граѓаните, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ – од нив 18.172 за брзо возење

А1он

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Костадиновски: „Сејф сити“ го смени однесувањето на граѓаните

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Како функционира „Безбеден град“ – системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла