67-годишниот жител на Куманово Страшо Денковски веќе три месеци е прикован за својот кревет. Овој пензионеран возач на „Гранит“, по повредата на неговата нога имал две операции, но состојбата наместо да му се подобри, станала полоша.
Неможејќи да се справи со здравствените лавиринти и администрација, Страшо ги „кренал рацете“ од помошта на лекарите и се помири со судбината животот да му поминува во лежење во креветот, со како што вели „неговите мисли“.
Тој вели дека и здравството кренало раце од него, а соседите пак кои единствено сега се грижат за него предупредуваат дека тој може да остане и без неговата нога.
Катерина Цаневска Арсовска