9985 активни случаи на Ковид-19 во Скопје, 16231 во цела држава

Од:

До вчера во земјава беа регистриарни 16231 активни случаи на Ковид-19, од кои најголем број – 9985 се од Скопје. На инфективните оддели низ земјава се лекуваат 700 позитивни или суспектни пациенти на коронавирусот, од кои 300 се во Скопје, а има околу 560 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Според вчера објавените податоци на Министерството за здравство во претходните 24 часа, во државава се регистрирани 403 нови случаи на Ковид-19 од направени 2118 тестирања, од кои 165 во Скопје, починала 10 лица, а оздравеле 339 пациенти.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 88389, бројката на оздравени пациенти е 69476, а на починати е 2682.

Од понеделник, во скопските поликлиники „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“, ќе можат да се прават лабораториски анализи со проверување на вредностите на Д-димерите и ЦРП.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски