Вакцинацијата против сезонски грип почнува од утре

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција, на која информираше дека вакцинацијата против сезонски грип почнува утре во сите Центри за јавно здравје во земјава. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини.

Министерството набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија.

„Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Годинава им помагаме на граѓаните на кои им е најмногу потребна вакцината. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик“, потенцираше министерот Филипче.

Оваа година, сите пензионери над 65 години со просечна и потпросечна пензија, со чек од својата пензија треба да дојдат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин“ ќе им закажат термин за вакцинација во некој од Центрите за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.

За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, можат да се вакцинираат во Центрите за јавно здравје, без закажување. Станува збор за 13.000 дози што ги набавија Центрите за јавно здравје, а цената за нив е 650 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

Горан Наумовски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски