МЗ: 96 граѓани се заразиле со Ковид-19 по примена втора доза

Од:

Министерството за здравство информира дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина.

„Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Од 96-те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со Ковид-19 биле хоспитализирани.

Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни, иако еден од нив е со тешко хронично заболување. Нема ниту еден починат пациент со Ковид-19, а кој има примено две дози вакцина“, соопштува МЗ.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска