Најмалку четири ученици учествувале во тепачка во Струга

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]Најмалку четворица ученици учествувале во тепачката која доцна попладнево се случила пред зградата на Средното училиште Нико Нестор во Струга.

Заиграле и ножеви, но за среќа само еден ученик се здобил со полесни повреди.

Момчето веднаш било пренесено во струшката општа болница, но по укажаната лекарска интервенција е пуштено на домашно лекување. Убодната рана била во близина на левиот бубрег, но лекарите  успеале да го спречат крварењето на момчето. Според, за сега неофицијални информации, напаѓачите биле поранешни ученици во ова струшко училиште.

Против учесниците во инцидентот ќе има соодветни пријави. Се уште се работи на утврдување на точниот идентитет на учесниците во настанот. Ученикот е надвор од животна опасност, рече за А1 Стефан Димовски портарол на СВР Охрид.

Иако од полицијата не сакаа да кажат кој се учествувал во настанот и дали станува збор за инцидент од меѓуетнички карактер, низ Струга кружат информации дека во инцидентот учестувале Македонци и Албанци и оти повредениот ученик е Албанец. Од полицијата рекоа дека се до целосно расветлување на случајот не можат да излезат со детални информации.

Годинава ова е втор потежок инцидент во ова училиште каде што пред неколку години тепачките меѓу ученици Македонци и Албанци добија загрижувачки размери. Во струшките средни училишта се повторува праксата пред секои избори да се случуваат инциденти од меѓунационален карактер.

По низата вербални расправии и физички пресметки во средношколските центри „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“, општина Струга усвои акциски план за безбедност во средните училишта.

На изработката на овој значаен документ во сферата на образованието во текот на изминатиот период работеше локалниот совет за превенција. Планот предвидува елиминирање на досегашните слабости и пропусти кои се однесуваат, пред се, на асоцијалното и насилното однесување на младите.

Тоа е еден проект што се прифати од страна на сите советници и е многу добра работа. Сметам дека во последно време се релаксирани работите во средните училишта и мислам дека се повеќе треба да се работи и со децата и со родителите, вели Хјунор Кица, член на работното тело.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“