Двајца пациенти од Скопје починале во изминатите 24 часа како последица од компликации предизвикани од Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Починатите пациенти од главниот град биле на возраст од 59 и 54 години.
Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие регистрира 90 новозаразени пациенти во Скопје, додека 231 жител на главниот град оздравеле во истиот период.
Бројот на активни случаи на лица заразени со коронавирусот во Скопје сега изнесува 11.376, а вкупно 35.241 скопјани се заразиле од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.