88 новозаразени од Ковид-19, починати се три лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-8.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од: Скопје-70, Штип-6, Прилеп-4, Тетово-31, Велес-3, Кочани-2, Пробиштип-1, Кичево -1, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е почината пациентка на 76 годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3878, активни 1788
•       Куманово 862, активни 194
•       Дебар 151, активни 89
•       Штип 457, активни 178
•       Прилеп 301, активни 64
•       Тетово 871, активни 292
•       Струга 330, активни 171
•       Велес 203, активни 33
•       Битола 71, активни 28
•       Охрид 227, активни 135
•       Кавадарци 26, активни 18
•       Гостивар 230, активни 144
•       Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 24, активни 16
•       Крива Паланка 19, активни 9
•       Радовиш 8, активни 4
•       Крушево 12, активни 7
•       Кочани 77, активни 13
•       Пробиштип 37, активни 24
•       Демир Хисар 8, активни 7
•       Македонски Брод 8, активни 4
•       Пехчево 6, активни 1
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 7, активни 4
•       Свети Николе 118, активни 111
•       Кичево 81, активни 69
•       Ресен 137, активни 77
•       Неготино 21, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 973 теста се преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -97, Жан Митрев (Филип Втори) –110, Систина со PCR метода -140, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски