88 нови случаи на Ковид-19, починати се 5 лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2.

Починати се 5 лица, пациент од Тетово na 53-годишна возраст, од Гостивар на 60 години, од Прилеп на 57 години, од Струга 60-годишен пациент и еден пациент од Битола исто така на 60-годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078.

Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6629, активни 586

• Куманово 1701, активни 193

• Дебар 276, активни 36

• Штип 1233, активни 57

• Прилеп 624, активни 120

• Тетово 1387, активни 168

• Струга 650, активни 64

• Велес 309, активни 35

• Битола 274, активни 64

• Охрид 409, активни 47

• Кавадарци 215, активни 33

• Гостивар 908, активни 100

• Гевгелија 107, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 184, активни 115

• Крива Паланка 98, активни 28

• Радовиш 71, активни 21

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 267, активни 103

• Пробиштип 104, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 91, активни 12

• Пехчево 42, активни 9

• Берово 84, активни 26

• Валандово 17, активни 8

• Виница 99, активни 25

• Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 3

• Свети Николе 316, активни 17

• Кичево 313, активни 37

• Ресен 160, активни 12

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1618 теста се преку: ИЈЗ-216, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-323, Биотек-282, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори)-213, Систина со PCR метода -192, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациент, нема пациенти на механичка вентилација, велат од Министерството за здравство.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на Ковид-19, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска