(ВИДЕО) Црвенковски: Груевски, ќе те стигне народната казна

Од:

„Преполни улици со храбри луѓе, ова е глетката во сите градови. Среде зима се разгоре отпорот против диктатурата“, порача вечерва пред штипјани, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Народот, рече, си ја бара слободата и иднината, народот си ја бара Македонија назад.

„7 години народот живее со нивните лаги и пртисоци, гледаше како нивните пари ги трошат без усул, во беда и сиромаштија живее народот а тие ги трошат нивните пари за лечење на фрустрациитеваа со мермер и камења. 7 години газат преку живи луѓе, зацрнија цели фамилии зошто им се нашле на патот. Кон Македонија се однесуваат како да е нивна сопственост. Ни ја киднапираа државата. На шверцерски и криминален начин го донесоа буџетот само за да можат да земат нови кредити. Среде Парламент претепаа народни избраници, тепаа хероите од ДПМНЕ жени, а претходно со сила и полиција ги претепаа и избркаа новинарите“, рече Црвенковски.

Парламентот, рече е партиска испостава на ДПМНЕ.

„Единствен начин да се врати легитимиитетот во Парламентот е народот повторно да одлучува. Единствен излез од оваа криза се предвремени парламентарни избори. Од оваа бетка нема бегање, оваа битка мора да се добие. Груевски, ќе те стигне народната казна“, порача лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад