Студент: Дали животите на студентите се повредни од еден споменик?

Од:

„Се молат студентите станари во домот да ги исклучуваат сите грејни тела поради застарена електрична инсталација постои опасност од пожари“, ова соопштение осамна во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

Пред неколку години во овој дом избил пожар во кој за среќа немало жртви туку била причинета само материјална штета.
„Во овие студени денови невозможно е да седиме во соба без вклучени грејни тела бидејќи парното не работи доволно за да може да ја загрее собата.Ние студентите неколку пати апелиравме анонимно преку испраќање на слики до медиумите за алармантната состојба во студентските домови, но нашите апели останаа неслушнати од лицата кои се одговорни токму за студентските домови.Редно време е владата да размисли сега со новиот буџет кој си гo донесоа сами, колку пари ќе издвои за санирање на студентските домови, освен ако не сака на совест да носи 4000-5000 студенти кои сигурно ќе имаат трајни последици по здравјето поради нивните студентски денови поминати во незатоплени простории, во страв од пожари, труење со храна и што ли уште не.Размислете дали иднината и животите на овие студенти се повредни од еден споменик“, пишува во страв, анонимен студент до centarnews .

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов