СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: До каде може да одите со лицемерието и манипулациите?

Од:

„Господо од ДПМНЕ, поддржувачи на режимот, до каде може да одат лицемерието и манипулациите на градоначалникот во заминување Марјан Ристески? Нека излезе лично градоначалникот и нека им објасни на жителите на У.З. „Општина“, зошто во 8 години не создаде услови за ниту едно ново работно место. Нека им објасни зошто живеат бедно и сиромашно, како никогаш порано?
До кога режимот, со вакви партиски пресови ќе го задскрива криминалот кој се случува во Општината и во Јавните препријатија? Нека излезе Марјан Ристески пред граѓаните на У.З. „Општина“ и нека објасни – каде завршија 800 илјади Евра од „Комуналец“, кои неговиот братучед Златко Ристески-Џекчето, ги скри и не им ги исплати на вработени, пари за кои судот неодамна донесе одлука да им се исплатат на вработените“, стои во реакцијата на СДСМ.

Нека излезе Марјан Ристески, велат, и на жителие на У.З. „Општина“, нека им објасни како додека тие гладуваат, законите за луѓето блиски до него не важат, и добиваат плата од две функции, како што е случај со Гордана Мицеска- претседателката на Совет на О.Прилеп, која спротивно на закон ја постави и за директорка на Институтот за тутун.

Нека излезе Марјан Ристески и нека им објасни зошто во страв од пораз на следните избори, функционерите од ДПМНЕ си ги згрижуваат најблиските, како што е случај со Димитар Стеваанџија, кој си ја вработи сестраму како професорка во средното медицинско училиште. Од друга страна, половина од младите од У.З.„Општина“ го напуштија Прилеп во потрага по достоинствен живот.

Се додека се однесувате како аздисана банда, која тепа народ, гази и закон и устав за пари и за лични интереси, се додека ги третирате прилепчани како „мајмуни“ наместо херои, СДСМ не се враќа во институциите ниту на локалнно, ниту на централно ниво. Народот ќе излегува во се поголем број на улиците да си ја бара слободата и иднината на Прилеп! Режимот ќе падне! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ!

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа