85-годишник прегазил пешак и побегнал

Од:

85-годишен жител на тетовското село Слатино е приведен под соменение дека во Тетово удрил во пешак кој се здобил со тешки телесни повреди и побегнал од местото на несреќата информира Министерството за внатрешни работи.

– На 15.11.2022 во 16.10 часот во тетовско Слатино, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 85-годишниот Н.С.. Тој, претходно, со патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово удрил во пешакот Р.И.(62) од Тетово и го напуштил местото. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари