84-годишна баба готвејќи предизвикала пожар, во болница е со изгореници

Од:

84-годишна жена од скопски Карпош предизвикала пожар во нејзината куќа додека готвелат. Се здобила со изгореници и е пренесена на лекување на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

-На 05.10.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар во куќа, сопственост на М.К.(84), додека таа готвела. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а М.К. се здобила со изгореници, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски