83 санкции за брзо возење во Велес

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се казнети 83 возачи кои возеле со брзина над дозволената во Велес.

„Денеска (11.10.2021) во периодот од 13.00 до 19.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 83 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен е гостиварец кој со „ролс-ројс“ возеше 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово

А1он

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Mакедонски државјанин на автопатот кај Ниш возеше со 214 километри на час – плати казна од 850 евра

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on