Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 442 пациенти. Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 797.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 68 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 58, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 29 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6.