78 нови случаи на Ковид 19, починати се пет лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5.

Починати се пет лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3422, активни 1960
• Куманово 801, активни 194
• Дебар 110, активни 58
• Штип 390, активни 157
• Прилеп 281, активни 51
• Тетово 775, активни 391
• Струга 268, активни 169
• Велес 196, активни 42
• Битола 62, активни 23
• Охрид 205, активни 176
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 161, активни 93
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 17, активни 11
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 75, активни 22
• Пробиштип 29, активни 18
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 47, активни 42
• Кичево 48, активни 39
• Ресен 122, активни 85
• Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори) -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација, информира МЗ.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, соопштува Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска