74% од новите случаи и 76% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Од:

Од 6 август до 21 октомври 2021, позитивни на Ковид-19 биле 42.945 граѓани, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица, покажува анализата на Министерството за здравство, од каде што појаснуваат дека за вакцинирани се сметаат лица кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

-Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19, велат од Министерството за здравство.

Според статистика за изминатиов период, 31.692, граѓани, односно 74 отсто од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 проценти, додека само 24 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

-Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6 август до 2 октомври годинава, на територија на државата од Ковид-19 починале 1506 лица, 1246 пациенти, односно 83 отсто од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17 проценти примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.

-Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на САРС-КоВ-2, велат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски