72 новозаболени од Ковид-19, притисок во болниците засега нема

Од:

Повторно висок број на новодијагностицирани лица со Ковид-19 е регистриран во текот на вчерашниот ден. Најголем дел од новите 72 случаи се бележат во Скопје – 20, во Куманово -14 и во Тетово – 10. Притисок во болниците и амбулантите засега нема.

И покрај тоа што е сега прилично мирно, министерот за здравство Венко Филипче завчера оцени оти е можно овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, но вели дека будно ја пратат состојбата.

Вкупно во земјава од почетокот на епидемијата се регистрирани 156.452 ковид-дијагностицирани лица, бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

Здравствените власти интензивно ги пратат и анализираат препораките во однос на вакцинацијата. Можните сценарија според Филипче, се да има препорака за трета доза на вакцини или вакцината да стане сезонска.

Повеќе сознанија за тоа дали вакцината ќе стане сезонска или не, се очекуваат во септември или октомври.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, вчера информира дека досега се вакцинирани 59 проценти од вработените во градинките во државата, а тенденцијата е таа бројка да биде уште поголема.

– Работата на градинката не престанала иако се наоѓаме на средина на годишните одмори. Во изминатиот период сериозно се пристапи кон процесот на вакцинирање за што говори и самата бројка на вакцинирани од 59 процентен одзив. Ги повикувам и останатите 41 проценти од вработените да се довакцинираат за да може да биде обезбеден престојот на децата во градинките, рече Шахпаска.

Во моментот, како што додаде, побарано е од Комисијата за заразни болести да се зголеми бројот на групите на деца кои посетуваат градинка. Министерката посочи дека доколку дозволи епидемиолошката состојба може да се очекува во најскоро време градинките да работат со полн капацитет.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска