72-годишна жена им подлегна на повредите по удар од товарно возило во Петровец

Од:

Седумдесет и двегодишната Р.К. од село Петровец вчера починала во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ како последица на повредите здобиени неколку часа порано од удар од товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(42) од село Катланово, Скопско.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 09.45 часот во село Петровец, скопско, кога товарното возило удрило во пешакот Р.К.

-Од ударот Р.К. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесенa во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Околу 12.30 часот таа им подлегнала на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип