70 илјади гласачи излегле на изборите до 9 часот, најмал процент во Пласница

Од:

Излeзноста на гласање на претседателските избори до 9 часот е 4,06 отсто, според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, од обработени над 92% од гласачките места.

Според ажурираните податоци, најголема излезеност има во Демир Капија – 9,42%, а најмала во Пласница – 0,97%.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на правата денешна прес конференција соопшти дека гласањето се одвива мирно и без неправилности во првите два часа од отворањето на гласачките места.

До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право, а според првичните информации на Комисијата, сите гласачки места биле отворени навреме.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште