Со 70 илјади евра Министерството за здравство ќе го подобрува „Мој термин“

Од:

За сум од 4 милиони и 237 илјади денари без ДДВ или приближно 70 илјади евра, Министерството за здравство објави тендер за надградба и одржување на националниот систем за електронски евиденции во здравството, познат како „Мој термин“. Во техничката спецификација пишува дека системот треба да се подобри со надградба на постојните и со нови модули, зголемување на извештаите од повеќе институции на системот.

Системот треба да го подобри „лесното и ефикасно ажурирање на податоците преку едноставниот и кориснички интерфејс на постојниот систем“, пишува во техничката спецификација. „Мој термин“ е воведен во 2011 година додека со Министерството за здравство, министеруваше Никола Тодоров. Со надградба на системот се започнува во 2012 година, преку примена на „е-упат“ и „е-рецепт“. Системот го користат приближно 15 илјади корисници и над четири илјади установи. Набавката е за период од една година, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.

В. М.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

„Мој Термин“ без одржување речиси 38 отсто од времето, со сериозни ризици за безбедноста

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните