7-годишник со нож го избодел постариот брат за игра на компјутер

Од:

Седумгодишно момче со кујнски нож го прободел постариот 14-годишен брат во грбот по расправија за игра на компјутер.

– Вчера око 9 часот во Дебар, во домот сопственост на Б.А. на улицата „Ибраим Колари“ во дневната соба настанала расправија помеѓу четиринаесетгодишно и седумгодишно момче–браќа по мајка, поради игра на компјутер. Во расправијата седумгодишникот со кујнски нож го прободел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка, соопшти денеска МВР.

Соседка го одннело повреденото момче во Клинички центар Дебар од каде, по укажаната медицинска помош, со возило на итна медицинска помош бил препратен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип