68 нови случаи на Ковид-19, тројца починати

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 659 тестови, а регистрирани се 68 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 50, Прилеп – 5, Кавадарци и Штип – по 3, Куманово, Битола и Велес – по 2, Кичево- 1.

Од вкупниот број на позитивни (68), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 40 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Битола – 3, Гостивар и Неготино – по 2, Штип – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани две починати лица од Битола (81г) и Прилеп (71г), починати во болнички услови. Починатите се пријавени во период од 18 – 28.09.2022 година.

Направени се 659 тестови: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-10, ЦЈЗ Прилеп-19, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија-73, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-11, Биотек-17, Систина-3, лабораторија Лаор-4, Синлаб-2, Ремедика-8, Плодност-0, Генеа-1, Никоб Лаб-14, ВФВ Медикал-0, Ели Медика Плус-2, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 311.

Досега во земјата се направени вкупно 2.181.930 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.031, бројот на оздравени пациенти е 334.202, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 265.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска