А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

670 затвореници излегуваат на слобода, Законот за амнестијата усвоен од Собранието

by А1он15/01/2018 - 14:0015/01/2018 - 15:0858
Share0

Пратениците на пленарна седница го изгласаа Законот за амнестијата, со кој на осудениците им се намалува затворската казна. Законот предвидува затворениците на кои им е изречена казна до шест месеци да бидат ослободени. Оние пак што добиле над шест месеци се ослободуваат од издржување 30 отсто од целокупната казна.

Добивај вести на вибер

Новите измени на Законот за амнестијата не се однесуваат за лица осудени со правосилна пресуда, како доживотен затвор, кривично дело убиство, силување и педофилија, кривични дела против државата, како и кривични дела против човечноста. Законот се однесува на лица што кривичните дела ги сториле до 20.9.2017 година.

Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

„Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегување во сила на овој закон е наредено издавање потерница поради нивна недостапност на органите на кривичниот прогон“, стои во Законот.

Ослободени од казна ќе бидат 670 правосилно осудени лица осудени на казна затвор до 6 месеци, а на 3.097 лица ќе им биде намалена казната 30 отсто. Овој закон наиде на остри критики од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која не се согласуваше со измените, а Собранието го изгласа без нивно присуство.

К. Л.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто