(ВИДЕО) Заев: Акција за живот во Македонија!

Од:

„Ви се обраќам да ве уверам дека ќе има убав живот во Македонија. Промени во Македонија веќе се случувааат, новото време е тука, на повидок.

Новото време сте вие, граѓаните, кои ги барате промените.

Повисоки плати за сите, пристојна работа за сите, институции на граѓаните, власт под контрола на вас граѓаните, правда, живот за сите!

Ете поради овие толку посакувани промени го создадовме овој ПЛАН ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!

Ова е план за едно општество за сите, Македонија за сите.

Со овој план ќе дојдеме до секој од вас.

Планот мора да го одобрите вие граѓаните.

За ваква реформа мора да имаме договор, бидејки ние се одлучивме за Сојуз со вас граѓаните.

Затоа, очекувајте ги огромниот број млади луѓе кои ќе ви пристапат, зборувајте со нив за квалитетот на живот што ќе се случи.

Повеќе пари во секој семеен буџет, нови работни места, шанси – шанси за младите за живот во Македонија!

Ве повикувам, приклучете се! Раширете го гласот – може да има живот во Македонија!

Можеме заедно да ја направиме оваа наша Македонија подобра, можеме заедно да чекориме напред, во развој“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев