64-годишен валандовец жртва на насилство: Последниот пат синот, сакаше со голи раце да ме задуши, повеќе од година дена ме тепа и малтретира

Од:

64-годишниот Никола Бојчовски од валандовското село Балинци секој ден живее во страв, дали следното утро ќе го дочека жив, затоа што постојано психичко и физички го малтретираат неговиот син и снаа. Според зборовите на неговата ќерка Александра која живее во Германија, нејзиниот брат Илија неколку пати се обидел да го убие својот татко, го бркал со нож, го гушел во спиење, го мавал со клоци, тупаници, му ја кршел вратата од неговата соба со секира. Насилството според неа трае повеќе од една година, а причината е стариот Никола да ја напушти куќата, бидејќи вели неговиот брат не го сака близу до него.

„Се почна минатата година во април пред да заминам за Германија, кога и двајцата не истепа со боксови, затоа што сме требале да си заминеме и да го оствиме сам со неговата сопруга. Се омажив и заминав, но татко ми остана со нив. Многу работи сокриваше да не се грижам. Ова последното што се случи, да го претепаат со модринки и гребаници е едно од многуте насилства врз овој стар човек. Го тепал со тупаници, го влечел, го малтретирал. Тој нема мир во таа куќа. Известен е центарот за социјални работи и полицијата, а покренавме и постапка пред гевгелискиот суд. Но, како што гледате неговата голгота се уште трае, секој ден се тресам дали ќе му го слушнам гласот, дали ќе дочекам да слушнам дали е жив“, раскажува, вознемирено ќерката Александра.

По последните закани пред неколку дена, судот изрекол забрана насилниците да се приближуваат до куќата на старецот. Син му и снаа му заминале во друг објект кој го граделе, но сепак и од таму продолжиле да го малтретираат. Му влегле ноќе му ја скршиле вратата, му го земале клучот, му изнеле покуќнина.

„Да точно заминаа, но нема фајде. Една вечер подоцна дојдоа синот и снаата треснаа на прозорецот и јас отворив. Влегоа искршија се по дома, веце школката ми ја извадија од бањата, ми изнесоа телевизор, ми се заканија ако писнам дека ќе ме убијат. Клучот сум го заборавил на влезната врата, ме заклучија и заминаа. Се јавив во социјлното и во полиција, притрчаа и комшиите на помош. Но, ништо тој им се закани со тесла да не приоѓаат на приватен имот. Направија записник и заминаа. Еве неколку дена не излегувам од дома, страв ми е до продавница да одам. Синот не се плаши од никого, тој може да дојде и на спиење да ме убие. Не знам можеби треба крв да падне, па да се свестат дека навистина имам проблем“, вели Никола.

За случајот известени се валандовскиот Центар за социјлани работи кој постојано е во контакт со раскараните страни. Насилството е пријавувано повеќепати во тамошната полициска станица, а Никола води и постапка за насилство и пред гевгелискиот суд. Вели дека споро и тешко се доаѓа до правдата , па затоа ги повика повисоките институции да се завземат за него и да му помогнат.

Би можело да ве интересира

Во скопско Визбегово татко ги нападнал своите синови

Тетовец ја затворил снаата во куќа и повеќе пати ја тепал

Двајца стружани оштетиле неколку возила, а нападнале и полицајци

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Кривична пријава за жител од Чашка кој физички ја малтретирал малолетната ќерка

Скопјaнец ја истепал својата 18-годишна сестра

Горан Наумовски