Aдвокатска комора повикува на поскоро завршување на штрајкот на судската администрација

Од:

Адвокатската комора на РМ на седницата на Управниот одбор одржана на 20.06.2016 година донесе Заклучок согласно кој се обрати до Министерството за правда на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) во врска со штрајкот на вработените во судската администрација.

Имено, Адвокатската комора на РМ ги поддржува напорите на двете страни за што поскоро изнаоѓање на прифатливо решение за проблемите коишто се причина за штрајкот.

Со целосно почитување на законското право на штрајк, нагласуваме дека и адвокатите трпат последици од неработењето на судовите, што уште повеќе го изразува интересот на Адвокатската комора за што поскоро завршување на штрајкот, соопштуваат од Адвокатската комора.

Би можело да ве интересира

41-годишен маж од Скопје осомничен дека го подметнал пожарот во Адвокатката комора

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во државата

Пожар во канцеларија на Адвокатска комора

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на Уставот

Дисциплински органи на Адвокатската комора ќе утврдат дали адвокатот Страшевски сторил повреда

Ана Ололовска

Адвокатската фела во Охрид дискутираше за проблемите на одбраната во примената на ЗКП

Ана Ололовска