Трајанов кај Воутер Пломп: Експертска влада, реформи во судството и деполитизација на институциите

Од:

Претседателот на Демократскиот сојуз имаше неформална средба со Амбасадорот на Холандија, Воутер Пломп.

На средбата Трајанов ги презентирал програмските определби на ДС, како и оценките за актуелната политичка состојба и правците за излез од кризата.

Трајанов нагласил дека во интерес на сите граѓани е да се разреши политичката криза, да се нормализира животот и деблокираат евро-интеграциските процеси.

Формирање на Експертска Влада, која треба да спроведе реформи во судскиот систем и безбедноста, како и целосна деполитизација на државните институции.

Реформите во медиумите, како и прочистување на избирачкиот список се врвни приоритети и основни предуслови за одржување на кредибилни избори.

Протестите се одраз на незадоволството на граѓаните и своевиден демократски притисок за организирање на слободни избори кои треба да се организираат во најкус период.

На претстојните избори Демократскиот сојуз ќе учествува во рамките на коалицијата за Промени и Правда.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Левица: Наместо да одговара за аферата „бесплатен паркинг” Павле Трајанов доби функција

Горан Наумовски

Павле Трајанов е реизбран за претседател на Демократскиот Сојуз

Горан Наумовски

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи

A1on

Трајанов: Техничката влада да биде одраз на составот на Парламентот

Горан Наумовски