62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Од:

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 33, Гостивар и Струмица – по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Куманово – 2, Тетово, Велес, Кочани и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: шест од Скопје на возраст од 58 години, 60 години, 63 години, 72 години, 82 години и 83 години, три лица од Тетово на 69 години, 74 години и 79 години, две лица од Гостивар на возраст од 62 и 77 години, по едно лице од Куманово на 60 години, Кичево на 74 години и Битола на 68 години. Од пријавените, четворица се починати во домашни, а останатите десет лица во болнички услови.

Регистрирани се 245 оздравени пациенти од: Скопје – 148, Битола – 17, Струмица – 15, Виница – 9, Кочани – 8, Кичево – 7, Прилеп, Тетово и Штип – по 6, Куманово – 4, Велес и Берово – по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево – по 2, Ресен, Радовиш и Крушево – по 1.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68242, активни 1475
Куманово 8778, активни 339
Прилеп 8262, активни 165
Тетово 7189, активни 127
Битола 6268, активни 243
Велес 5463, активни 99
Гостивар 5159, активни 64
Кавадарци 5147, активни 54
Охрид 4983, активни 203
Штип 4953, активни 78
Струмица 4100, активни 107
Струга 2969, активни 77
Кочани 2775, активни 59
Кичево 2538, активни 86
Гевгелија 2190, активни 37
Неготино 2179, активни 26
Свети Николе 1518, активни 44
Ресен 1233, активни 47
Крива Паланка 1218, активни 14
Радовиш 1136, активни 58
Берово 1026, активни 9
Делчево 967, активни 28
Дебар 938, активни 8
Виница 872, активни 68
Пробиштип 789, активни 19
Валандово 665, активни 7
Богданци 493, активни 9
Крушево 488, активни 25
Демир Хисар 396, активни 22
Демир Капија 396, активни 3
Кратово 367, активни 15
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 2
Македонска Каменица 247, активни 18
Дојран 132, активни 0

Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–80, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-282, Биотек-302, Систина-249, лабораторија Лаор-641, Синлаб-29, Ремедика-23, Плодност–48, Генеа–13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 406.

Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска