613 нови случаи на Ковид 19, починати се 25 лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1837 тестирања, а регистрирани се 613 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-204, Куманово-35, Дебар-15, Штип-20, Прилеп-27, Тетово-29, Струга-19, Велес-24, Битола-23, Охрид-27, Кавадарци-38, Гостивар-24, Гевгелија-19, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-11, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-12, Валандово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-15.

Починати се 25 лица, осум пациенти од Скопје на 63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71 години, двајца од Куманово на 86 и 87 години, еден од Прилеп на 77 години, двајца од Велес на 68 и 61 години, тројца пациенти од Битола на 54, 67 и 57 години, еден од Кавадарци на 68 години, тројца од Гостивар на 60, 75 и 59 години, еден од Гевгелија на 71 години, еден од Струмица на 47 години, еден од Радовиш на 53 години, еден од Свети Николе на 75 години и еден пациент од Ресен на 84 години. Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти од: Скопје-251, Куманово-38, Дебар-3, Штип-39, Прилеп-45, Тетово-41, Струга-18, Велес-29, Битола-43, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-32, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Свети Николе-6, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-9.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 31757, активни 11369
• Куманово 4268, активни 658
• Дебар 562, активни 165
• Штип 3065, активни 466
• Прилеп 3669, активни 944
• Тетово 4394, активни 984
• Струга 1781, активни 458
• Велес 2446, активни 689
• Битола 2654, активни 889
• Охрид 2044, активни 620
• Кавадарци 1697, активни 637
• Гостивар 3078, активни 834
• Гевгелија 945, активни 298 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 158 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2005, активни 576
• Крива Паланка 526, активни 128
• Радовиш 520, активни 133
• Крушево 151, активни 73
• Кочани 1427, активни 260
• Пробиштип 405, активни 68
• Демир Хисар 218, активни 48
• Македонски Брод 198, активни 36
• Пехчево 120, активни 23
• Берово 453, активни 105
• Валандово 254, активни 59
• Виница 418, активни 124
• Делчево 602, активни 291 (170 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 172, активни 27
• Свети Николе 980, активни 210
• Кичево 1448, активни 374
• Ресен 563, активни 186
• Неготино 818, активни 371 (123 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1837 теста се преку: ИЈЗ-759, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена-229, Биотек-158, МАНУ-158, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -181, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-96, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-9, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -71, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 364.858 тестирања на Ковид-19, известува Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска