600 првачиња ќе посетуваат настава со физичко присуство во Општина Центар

Од:

Општина Центар ги отвори вратите за 600 првачиња што ќе посетуваат настава со физичко присуство во новата учебна година.

„Во согласност со насоките од Министерството за образование и наука и препораките од Комисијата за заразни болести, Општина Центар е подготвена за успешен и безбеден почеток на новата учебна година. Општинските училишта располагаат со неопходните капацитети за доследно почитување на протоколите и за примена на потребните безбедносни и хигиенски мерки за учениците, наставниците, стручните и административните служби за непречено одвивање на наставата со физичко присуство“, соопштуваат од Општината.

„Обезбедени се нови дидактички материјали за првачињата што се во согласност со новата Концепција за образование за спроведување на новите наставни програми за прво одделение, како и подароци за сите првачиња на територија на Општина Центар. Првачињата ќе добијат пакет школски прибор и бонтон за деца, како дел од кампањата „Среќно прваче“, донација од општествено одговорната компанија Халкбанк А.Д. Скопје и Центарот за визуелна комуникација Ефектива. Илустрациите што се на материјалите се дел од проектот „Сликовницата на Халки“, се наведува во соопштението на Општината.

„Општина Центар ги презема потребните превентивни мерки за безбеден тек на наставата со физичко присуство во осумте општински основни училиштата во Центар. Училиштата се дезинфицирани пред почетокот на учебната година, а обезбедени се и потребните дезинфекциони средства и бесконтактни топломери. Поставени се локатори за движење на учениците, табли со инструкции и едукативни постери. Утре, на 1 септември, општинските основни училишта на територијата на Општина Центар официјално ќе почнат со настава со физичко присуство за сите ученици од прво до деветто одделение“, се додава во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата