60-годишен планинар починал качувајќи се на Кораб

Од:

60-годишен член на група од 18 планинари добил инфракт, додека се движеле по планинска патека на повисоките делови од Кораб информираат од Центарот за управување со кризи.

Случајот го пријавил планинар кој дошол до Полицска станица Стрезимир, заради тоа што во таа таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање. Покрената е спасителна акција. Но, за жал и на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари, а потоа и по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат.

– Конкретно, од страна на Полициска станица – Караула Стрезимир било пратено едно возило со двајца полицајци до место каде што патот бил прооден за возило. Потоа, полицајците и групата палнинари продолжиле нагоре пеш за да се сретнат со планинарите, коишто го извлекувале човекот кој добил инфаркт, за да помогнат и надолу да го пренесат до теренското возило, а потоа и до можно место за превоз со медицинско возило, односно да се сретнт со возилото на Брзата помош. Практично, во меѓувреме била информирана Брзата помош од Гостивар што пратила едно возило, за да се добие во време и да се искористи проодноста на патот до каде може нивното возило да се движи. Но, за жал и при првиот контакт на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари и по прегледот од страна лекарската екипа од Брза помош, со која се пресретнале на патот каде можело нивното возило да се движи, е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат. Но, за да сето тоа да биде и согласно процедурите за такви случаи, е потребно на место на настанот, покрај присутност и медицинска констатација на доктор од брза помош, да се чека да пристигне и јавен обвинител од Гостивар се вели во инфомацијата од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вратено е македонското знаме на Кораб

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Инцидентот на Голем Кораб е акт на негирање на заедничкото наследство и на потребата за мирен соживот

ВИДЕО: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на врвот на Кораб

Катерина Ѓуровски

Загина планинар кој падна во длабока провалија на територијата на Општина Маврово-Ростуше

Горан Наумовски

ВИДЕО: Спасен гловонем човек залутан на Плачковица

Катерина Ѓуровски