6.875 активни случаи на Ковид-19, половина од заболените се во Скопје

Од:

Во вчерашниот здравствен билтен беа евидентирани нови 412 случаи од 3.567 тестирања, од кои половината (207) од Скопје, статистиката бележи и 459 оздравени и 12 починати пациенти во 24 часа и дополнително уште осум што починале од 1 септември до 8 октомври 2021 согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“.

Активни случаи има 6.589 во целата држава и од нив 3.323 се во главниот град. Трицифрени активни имаат Куманово (544), Велес (290), Охрид (206), Струмица (200), Битола (197), Штип (195), Тетово и Прилеп по 183, Кавадарци (153), Кичево (131), Кочани (125) и Крива Паланка (120).

Од почетокот на епидемијата во земјава во февруари минатата година, коронавирусот е потврден кај 195.542 луѓе од направени 1.330 304 тестирања. Починале 6.875 пациенти, а 182.078 се регистрирани како оздравени.

Скринингот за присуство на Ковид-19 кај учениците што беше најавен за оваа е одложен за наредната седмица поради подолгото траење на анализата за опфатот на основците и средношколците.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски