6.463 новозаразени со Ковид-19 и 184 смртни случаи во последните седум дена

Од:

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември, тестирани се вкупно 17.456 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, има намалување од 7,0% во однос на минатата недела.

Како што информира Министерството за здравство, регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 града во државата со намалување од 4,2% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.610; 40,4%), со неделна инциденца – 422,6/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (n=1.639, 25,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.244; 19,2%), 40-49 (n=1.222; 18,9%), 50-59 (n=1.217; 18,8%) и 20-29 (n=791; 12,2%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=107; 1,7%) и 10-19 години (n=243; 3,8%). По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, се наведува во соопштението на МЗ.

Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7% во однос претходната недела на известување. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години, се додава во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски