Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 237 лица се лекуваат во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 5 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 6 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 7 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.
Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 585 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 348 пациенти. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 47 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 41, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13.