55 нови пациенти во Скопје, во ковид центрите се лекуваат 995 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 406 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Поради зголемениот број пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 28 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника. Во Козле не биле примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 166 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 589 пациенти. Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995 и има околу 400 празни болнички кревети.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 лица. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 95 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 81, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски