Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827, бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860, од кои најмногу во Скопје – 540 и Куманово – 190
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 53
• Гази Баба – 73
• Аеродром – 91
• Карпош – 67
• Центар – 71
• Кисела Вода – 56
• Ѓорче Петров – 22
• Бутел – 37
• Шуто Оризари – 12
• Студеничани – 10
• Сарај – 17
• Арачиново – 9
• Илинден – 10
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
Министерството известува дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.