Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846, од кои најмногу во Скопје – 540 и Куманово 195.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
• Чаир – 50
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 86
• Карпош – 74
• Центар – 72
• Кисела Вода – 54
• Ѓорче Петров – 26
• Бутел – 35
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 9
• Сарај – 15
• Арачиново – 9
• Илинден – 8
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен-3
МЗ известува дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.