53-годишник од Теново е починатиот човек најден вчера во Вардар

Од:

Тетовската полиција информираше дека е идентификуван починатиот маж кој беше најден во водите на реката Вардар во близина на селото Радиовце вчера околу 14 часот. Станува збор за 53-годишник од селото Теново, исто од Општина Брвеница кој се водеше како исчезнат од 28 јуни.

– По идентификација од семејството било утврдено дека се работи за З.Р.(53) од тетовско Теново, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од домот. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, a лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информираат од СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Приведени шестмина од скандалозното видео со пукање во гостиварско

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски

Пијани Србинки се истепале во Охрид

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче