50 волонтери на Мировниот корпус положија заклетва

Од:

Рекорден број од 50 американски волонтери на Мировен корпус Македонија денеска положија свечена заклетва. Ова е најголемата група волонтери во историјата на Мировниот корпус во Македонија.

Овие Американци и се приклучија на групата од повеќе од 700 американски граѓани кои служеле во Македонија од 1996 година. Волонтерите во Мировниот корпус имаат работено во речиси сите општини во Македонија соработувајќи со повеќе од 500 наставници, учејќи повеќе од 100.000 ученици, работејќи во партнерство со повеќе од 400 организации. Тие имаат организирано повеќе од 20 младински кампови, како и повеќе од 100 мали проекти.

На церемонијата присуствуваа амбасадорот на САД во Македонија Џес Л. Бејли, претставници на министерствата и општините, директори на училишта и други соработници, како и семејствата-домаќини на волонтерите. Волонтерите ќе почнат со својата служба во сабота.

„Волонтерите, не само што го претставуваат најдоброто што му го нуди Америка на светот, туку со себе го враќаат и најдоброто што може Македонија да го понуди на светот и на Соединетите Американски Држави, градејќи долговечен мост на соработка меѓу луѓето“, рече амбасадорот Џес Л. Бејли.

Како дел од подготвителната обука, волонтерите живееја во семејства-домаќини изучувајќи го македонскиот и албанскиот јазик и културата. Тие имаа можност и за практична обука предавајќи во локалните училишта и помагајќи во локалните невладините организации.

„Сите овие 50 извонредни американски мажи и жени одлучија да служат за некоја повиска цел. Многу од луѓето со коишто соработуваат нашите волонтери ќе станат лидери утре, а нивната интеракција со волонтерите ќе придонесе за тоа“, рече директорот на Мировниот корпус во Македонија Марк Ханафин.

Мировниот Корпус е основан во 1961 година, од претседателот Џон Ф. Кенеди. Мировниот корпус има три цели: да им помогне на земјите коишто имаат потреба од квалификувани лица што ќе обезбедуваат техничка помош, да помогнат во промовирањето подобро разбирање на американскиот народ преку волонтерите и да споделат информации за заедниците и земјите каде што живеат и работат волонтерите со американските заедници и семејства. Преку овие активности, волонтерите на Мировниот корпус работат на зајакнување на мирот во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат