Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 50 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи за изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а уште 65 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопштува МВР.