Бројот на активни случаи на Ковид – 19 достигна 11.042 лица. Според нивната дистрибуција по градови најмногу има во Скопје 3.829, следи Тетово со 1.791 и Гостивар со 1.467. Бројот на хоспиталиизрани лица е 700. Со последниот ковид – билтен се регистрирани и 27 починати лица.
Според последниот ковид-билтен, вчера од направени 3.022 тестирањe, регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу во Скопје – 206, Гостивар – 33, Куманово – 19. Регистрирани сe и 367 оздравени пациенти
Околу 700 пациенти се хоспитализирани во болниците поради компликации од Ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 1.111.451 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695.