49 санкции за брзо возење во Тетово

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се казнети 49 возачи кои возеле со брзина над дозволената во Тетово.

„Денеска (11.10.2021) во периодот од 13.00 до 19.00 часот Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на тетовско-гостиварското подрачје, при што санкционирани се 49 возачи. Од нив 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повече од дозволената брзина. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово