49-годишник од Гостивар обвинет за силување

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 49-годишник од Гостивар, поради сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот, на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успеала да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција, се вели во соопштението на Јавно обвинителство.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

15-годишник силувал тинејџерка

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти