482 нови случаи на Ковид-19, вкупно починати 17 лица

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.151 тестирањe, а регистрирани се 482 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 194, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26,Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19,Тетово – 13, Струмица и Крива Паланка – 11, Свети Николе – 10, Пробиштип – 9, Охрид – 7, Гевгелија и Берово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Гостивар и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Радовиш,Виница, Кратово и Демир Хисар – по 2, Делчево, Богданци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 280 оздравени пациент од: Скопје – 124,Куманово – 46, Штип – 18, Велес – 15, Кавадарци – 14,Охрид – 13,Кочани – 12, Кичево и Македонска Каменица – по 6, Прилеп и Струмица – по 5, Струга,Свети Николе и Кратово – по 3, Битола – 2, Гевгелија,Неготино, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Куманово(89г,85г,71г,71г,58г и 52г), 4 починати лица од Прилеп(85г,77г,68г и 61г) и по едно починато лице од Кавадарци (69г) и Велес (62г). Од пријавени лица 11 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од пријавени лица, тројца се починати во домашни услови,а две лица се починати во болнички услови.

Направени се 4.151 тестови преку: ИЈЗ-300, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-69, ЦЈЗ Тетово–61, ЦЈЗ Куманово-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–173, Жан Митрев (Филип Втори)-100,Авицена-209, Биотек-259, Систина-69, лабораторија Лаор-246, Синлаб-20, Ремедика-19, Плодност–38, Генеа-12, Никоб лаб-443, ВФВ Медикал-67, Ели Медика-79,Ројал Медика –45, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.716.

Досега во земјата се направени вкупно 1.361.893 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539,бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска