480 илјади вакцини се на располагање по препораката четврта доза за заштита од Ковид -19 да примат лицата со болести

Од:

Откако во средата Комисијата за заразни болести препорача вакцинирање со четврта доза против Ковид – 19, од Министерството за здравство за „А1он“ велат дека државата на располагање има вкупно 480.000 дози вакцини. Препораката за четврта доза дојде по двонеделниот континуиран раст на бројките на новозаразени.

„Државата располага со 480 илјади дози вакцини, кои се безбедни и ефикасни, од кои 380 илјади дози се од производителот ‘Фајзер’ и 100 илјади дози од ‘Модерна’. Рокот на вакцините е до крајот на октомври и до крајот на годината. Апелираме граѓаните навремено да се заштитат од вирусот. За примање вакцина против Ковид-19 во вакциналните пунктови не е потребно претходно закажување“, велат од Министерството за здравство.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, заклучно со 01.07.2022, вакцинирани се вкупно 874.986 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19 во државата и странство. Вакцинирани со две дози се вкупно 856.028 лица, а со трета доза се вакцинирани 160.078 лицa.

Четврта доза може да примат сите лица над 18 години кои примиле три дози од вакцината против Ковид – 19. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта доза е најмалку четири месеци.

Здравсвение власти четврта доза посебно препорачуваат на хронично болните, на пациентите на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација како и на лицата над 60 години.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски