44 новозаразени со Ковид-19, тројца починати

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 564 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 32, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Кратово – 1.

Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистриран e 81 оздравен пациент од: Скопје – 52, Прилеп – 10, Битола – 7, Куманово – 3, Охрид и Штип – по 2, Тетово, Велес, Струга, Радовиш и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62 до 79 години. Сите лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 03.10 до 18.10.2022 година.

Направени се 564 тестови: ИЈЗ-60, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-10, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-41, Жан Митрев (Филип Втори)-2, Авицена-11, Биотек-12, Систина-6, лабораторија Лаор-7, Синлаб-1, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-0, Никоб Лаб-16, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 304.

Досега во земјата се направени вкупно 2.179.129 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.800, бројот на оздравени пациенти е 333.960, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 281.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски